ПРИВАТНОСТ И ЗАШТИТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ
Политиката на приватност ги содржи практиките за приватност на веб-сајтот www.sakamknigi.mk и објаснува како ИЗДАВАЧКАТА КУЌА САКАМ КНИГИ ги користи Вашите податоци, а се однесува на нашиот веб-сајт и мобилната верзија на веб-сајтот. Со оваа политика се уредува правото на приватност и сигурност на личните податоци кои се прибираат и обработуваат.
Во однос на личните податоци
Контролор на личните податоци: Издавачко друштво САКАМ КНИГИ ДООЕЛ Скопје, ФЕВРУАРСКИ ПОХОД 10-1/4, Скопје, Република Северна Македонија
Офицер за лични податоци: Драгица Мамучевска
Вашите нарачки и лични податоци се безбедни со нас. Сите податоци кои се прибираат за успешно функционирање на веб сајтот се доверливи. Прибирањето на личните податоци е во согласност со законските прописи за заштита на лични податоци. Доколку не се согласувате со условите од оваа политика, тогаш не употребувајте го овој веб сајт.
При користењето на веб-сајтот www.sakamknigi.mk (за нарачување производи, креирање кориснички профил, собирање поени на картичка за лојалност), САКАМ КНИГИ прибира и процесира одредени ваши податоци. Податоците што ги собираме може да се класифицираат како лични податоци и нелични податоци, а се собираат при интеракција со нашиот веб-сајт.
Лични податоци се податоци кои идентификуваат одреден краен корисник и одредени лични податоци се задолжителни за да можете да креирате профил на сајтот, да направите нарачка, да извршите плаќање и слично. За успешно да ја обработиме вашата нарачка, потребни ни се вашето име и презиме, адреса, електронска пошта (e-mail) и телефон. Со помош на овие податоци ќе бидеме во можност да ви ги испорачаме посакуваните производи, како и да ве информираме за тековниот статус на нарачката. Кога ќе нарачате производ или услуга, податоците што ги внесувате за плаќање се податоци кои ние не ги чуваме, а се процесираат преку https безбедносна конекција преку платежниот процесинг систем на Комерцијална Банка. Во моментот кога го вршите плаќањето и ги внесувате податоците тие се процесираат преку https безбедносниот протокол на банката со користење на Secure Socket Layer (SSL) технологија и податоците од вашата платежна картичка не се видливи за нас; единствена информација за вашата трансакција која е видлива за нас е вашето име и презиме од платежната картичка, последните 4 броја од картичката и сумата на која е извршена трансакцијата, додека сите останати се енкриптирани.
Ние ги користиме личните податоци за да Ви обезбедиме производи, за да го подобриме работењето на веб-страната, за да ги подобриме нашите маркетиншки и промотивни напори, за да ја анализираме корисноста на веб-страната, за да ги подобриме нашите понуди за производи како што е предвидено во оваа Политика за заштита на лични податоци. На пример, ако испратите електронска порака до нашата корисничка поддршка, ние може да ги употребиме вашите коментари и повратни податоци да им кажеме на другите за нашите услуги, или да го поставиме вашиот коментар во нашите маркетиншки материјали, или на нашата интернет страна. Вашите лични податоци ќе се користат со цел да можеме навремено и точно да ја испорачаме вашата нарачка (со помош на нашите бизнис-соработници – дистрибутери, испорачатели на пратки и сл.) и да ја наплатиме цената за продадените производи и цената на услугата. Дополнително, вашите лични податоци ќе се користат за да ве информираме за вашите нарачки, како и за нашите понуди и попусти. Исто така, вашите лични податоци ќе се користат за континуирано подобрување на услугите што ги нуди нашиот веб-сајт.
Нелични податоци се податоци кои не го идентификуваат крајниот корисник. Овој вид податоци може да вклучат работи како универзален ресурсен локатор (URL) на веб-страницата што сте посетиле пред да дојдете на нашиот веб-сајт, URL на веб-сајтот што сте го посетиле по напуштањето на нашиот веб-сајт, страниците што ги посетувате на нашиот веб-сајт и времето што го поминувате на секоја страница, термини кои сте ги користеле за пребарување на нашиот веб-сајт, типот на пребарувачот, верзија и плагини што ги користите, Вашиот интернет-протокол (IP-адреса), уредот од кој пристапувате, вид и модел. Ние, и/или нашите овластени трети странки, бизнис-провајдери и лица кои се рекламираат, може автоматски да ги собереме овие податоци кога ќе го посетите нашиот веб-сајт преку употреба на електронски алатки како „Cookies“ (за повеќе, прочитај ја политиката за колачиња).
Ние нема да ги споделиме, продаваме или позајмуваме вашите лични податоци на други лица, освен во некои од случаите кои се предвидени подолу:
Можеме да ги споделуваме Вашите податоци со овластени трети лица – бизнис-провајдери. Овие „трети лица – бизнис-провајдери“ извршуваат функции во наше име, како праќање и дистрибуција на нашите административни и промотивни пораки. Ние можеме да ги споделуваме Вашите лични податоци со такви провајдери за исполнување на нарачки, доставување пакети, праќање поштенски или електронски мeил, администрирање на натпревари или игри, отстранување на повторувачки податоци за клиентот, анализирање на податоци, давање маркетиншка помош, обезбедување резултати од пребарувања и линкови, работење на веб-сајтот, решавање на проблеми или обезбедување на служба за корисници.
Можеме да ги споделуваме вашите податоци за наша заштита и заштита на други лица. Го задржуваме правото да ги откриеме вашите лични податоци ако тоа се бара со закон и кога веруваме дека откривањето е неопходно да ги заштитиме нашите права и/или во согласност со судска постапка, судски налог или правен процес во врска со нашиот веб-сајт.
БЕЗБЕДНОСТА НА ПОДАТОЦИТЕ
Сериозно ја сфаќаме безбедноста и преземаме бројни мерки на претпазливост со цел да се заштити безбедноста на лични податоци. Се користи HTTPS безбедносен протокол при обработка и пренос на информациите до нашите сервери. Вие можете да пристапите до Вашите лични податоци на нашата веб-страна со внесување на вашата лозинка и корисничко име. Оваа лозинка е шифрирана. Ви препорачуваме да не ја споделувате вашата лозинка со никого. Вашите лични податоци се зачувани на заштитен сервер, до кои само ние имаме пристап. Ние шифрираме одредени чувствителни податоци со користење на Secure Socket Layer (SSL) технологија, за да се осигуриме дека вашите лични податоци се обезбедени.
ВАШИТЕ ПРАВА И КОНТАКТ ВО ВРСКА СО ПОЛИТИКАТА ЗА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ
Вашите права во однос на обработката на лични податоци се:
право да бидете информирани за обработката на личните податоци
право на пристап до личните податоци
право на исправка и бришење на личните податоци
право на ограничување на обработката на личните податоци
право на приговор
За дополнителни информации и/или остварување на вашите права за заштита на лични податоци, можете да го контактирате нашиот офицер за заштита на лични податоци Драгица Мамучевска на следниот мејл: contact@.sakamknigi.mk и на телефонскиот број 02 312 2708.