Што е програмата за лојалност или „екипа на лојални читатели“?
Во текот на нашето веќе долгогодишно работење стекнавме огромна група лојални
читатели кои постојано ја следат нашата работа и ги имаат најголемиот дел од нашите изданија.
Ова не се само луѓе кои ги купуваат нашите книги, туку луѓе со кои ја делиме пасијата за читање,
луѓе со кои се дружиме во групите за читатели, на разни настани поврзани со книгите и секако, на
сите саеми, па затоа решивме да ја наречеме оваа група луѓе - екипа на лојални
читатели.
И со отворањето на нашата прва книжарница во центарот на Скопје, сакаме да им укажеме посебна
почит токму на овие луѓе – па затоа ја осмисливме програмата за лојалност.
Како официјално се влегува во екипата на лојални читатели?
За да станете официјален член на екипата, треба да набавите Reader’s Card од нашите
книжарници. Картичките за лојалност во првите две години се издаваа бесплатно како дел од
промотивниот период за 5.000 читатели, а од 2021 година имаат симболична цена од 50 денари и
неограничен рок на употреба. За да добиете Reader’s Card, ќе треба да пополните формулар со ваши
основни податоци во нашите книжарници, а потоа компјутерски ве внесуваме во програмата за
лојалност. Откако ќе ја добиете вашата картичка, ќе треба да ја носите со себе секогаш кога
купувате кај нас и да ја покажувате на каса за да ви се впишуваат поените.