Бараме автори со креативни идеи, уникатен стил и многу приказни во
ракавот.
Писател, соработник, пријател, отворен за соработка со екипа што живее за книгите
и сугестии од
професионалци што ќе му помогнат да прерасне во хит автор во Македонија.
Моментално бараме
Личноста што ја бараме:
Има оригинални идеи и знае како да ги пренесе на хартија.
100%
Има свој стил, но пишува приказни што можат да допрат до поширока публика.
100%
Има прочитано многу книги во животот; за споредба, за учење, за градење на сопствен
стил.
100%
Може да се замисли себеси како дел од екипата на Сакам Книги и да стои рамо до рамо
со нашите останати автори.
100%
Моментално не бараме:
- Поезија
- Биографии
- Научна фантастика
- Стручни содржини
За жал, нашето време е многу ограничено и сега засега нема да ги читаме апликациите за овие
жанрови и категории.
Те интересира што нудиме?
Што значи да си дел од тимот на Сакам Книги?
Ако се покаже дека имаш приказна што сакаме да ја објавиме, ти
стануваш дел
од Сакам Книги, а ние комплетно застануваме зад тебе.
Ти обезбедуваме експертиза и ресурси за професионално финиширање на книгата, ја
издаваме, ја дистрибуираме во 55 книжарници со кои
соработуваме низ земјата, ја промовираме и максимално се вложуваме да стане национален
бестселер.
Провери си ја добро книгата уште еднаш; можеби сакаш да направиш некои корекции, можеби сакаш
визуелно да ја средиш. Важна напомена: ракописот треба да е напишан со македонска поддршка.
Ракописите напишани на латиница воопшто не се читаат.
Важна напомена: Поради големиот број на мејлови што ги добиваме секој ден не
сме во состојба да им одговориме на сите. Како и да е, доколку сме ја прочитале твојата книга и
ни се допаднала, секако ќе бидеш исконтактиран/а.