Понуди за деловни корисници
Работите во/или имате фирма со многу вработени? Сакате прекрасни, трајни подароци за
вашите вработени за Нова година, 8 Март или нивните родендени? Можеби сакате нова
библиотека во вашиот деловен простор или богат избор на бизнис литература која ќе им биде
на располагање на вашите вработени за време на паузите? Или пак имате голем број вработени
кои читаат и сакаат да уживаат во најдобрите бенефити на одлична програма за лојалност
онлајн и во нашите книжарници кои бројат над 8 000 изданија?
Како и да е, нашите понуди за фирми и деловни корисници се непобедливи. Без разлика дали
сакате еднократна соработка за поголема количина книги или трајна соработка како
ексклузивен член на нашата програма за лојалност, тука сме за вас.
www.sakamknigi.mk e најголемата онлајн книжарница со имплементирана програма за лојалност
во земјата, а нашите клуб картички носат многу бенефиции, како:
• Постојан попуст на сите наши изданија.
• Попуст на сите изданија на сите останати издавачи во земјата, над 8 000 книги во нашите
книжарници и на нашата веб страна.
• Дополнително собирање поени и награди со секое купување. Имено, секој артикал носи
одреден број на поени кои се акумулираат со секое купување (1 поен = 1 денар) и потоа истите
може да се искористат во нашите книжарници и онлајн.
• Специјални понуди и попусти до 60%.
Испратете ни барање за понуда на komercija@sakamknigi.mk и само кажете ни што ви треба, а ние
ќе изготвиме специјална понуда за вас и вашите вработени. Без разлика дали се подароци,
награди или клуб картички за сите вас, ќе добиете најдобра понуда за најкус временски рок.
Нека сите во вашиот тим станат дел од нашата екипа на среќни читатели и нека уживаат во
најголемите читателски бенефиции!