Издавачката куќа САКАМ КНИГИ има три свои книжарници во Скопје: Капитол Мол (1 кат), Центар (зграда Тифани) и ТЦ Лептокарија, среден дел спроти Кафе Ревија. Истовремено, нашите изданија се достапни за онлајн продажба на sakamknigi.mk. Освен тоа, соработуваме со сите поголеми книжарници во земјата и нашите книги може да се најдат во над 60 книжарници низ државата. Комплетната листа на продажни места може да ја погледнете тука
За да станете официјален член на екипата, треба да набавите Reader’s Card од нашите книжарници. Картичките за лојалност во првите две години се издаваа бесплатно како дел од промотивниот период за 5.000 читатели, а од 2021 година имаат симболична цена од 50 денари и неограничен рок на употреба. За да добиете Reader’s Card, ќе треба да пополните формулар со ваши основни податоци во нашите книжарници, а потоа компјутерски ве внесуваме во програмата за лојалност. Откако ќе ја добиете вашата картичка, ќе треба да ја носите со себе секогаш кога купувате кај нас и да ја покажувате на каса за да ви се впишуваат поените.
Секој наш лојален читател кој поседува Reader`s Card има исклучителна можност да си купи три книги (изданија на Сакам Книги) токму на денот на својот роденден со 40% попуст.

Роденденскиот попуст е достапен за оние читатели кои имаат активна картичка и во текот на целата година имаат набавено книги во вредност од најмалку 2.000 денари. (Доколку роденденот е во првите месеци од годината, како репер за активност на картичката може да се земе вредноста од претходната година).
За сите нарачки со редовни цени над 1200 денари во границите на државата, поштарината е бесплатна. Кога има големи попусти и акции на сајтот, овој праг може да се крене и секогаш јавно се објавува за секоја посебна акција. Издавачот го задржува правото привремено целосно да ја укине бесплатната испорака за време на акциите со гратис производи: пример, кога со нарачката следи бесплатна книга или друг производ чија вредност надминува 200 денари.
На нашиот веб сајт има посебна страница за автори и потенцијални соработки за нови ракописи. Сите детали, како и формуларот за аплицирање, може да се најдат на овој линк
Секогаш можете да ни го испратите вашето резиме, заедно со кратко објаснување за каква работна позиција сте заинтересирани, на contact@sakamknigi.mk. Ние ги разгледуваме пристигнатите апликации и доколку се јави потреба, ги контактираме апликантите.