x

Помош при купување

За повеќе информации, помош и нарачки:

Центар - 02/312-2708
Капитол Мол - 02/246-3809
Лептокарија - 02/307-4756

Работно време:

Пон-Пет: 08:00h-16:00h

Прашајте нѐ:

contact@sakamknigi.mk

Ако го сакаш Скопје Дојди ќе те чекам на кејот

автор: Данило Коцевски

залиха
1. Жанр: Историски , Нефикција
Година на издавање: 2022
Корица: Мека корица
Страници: 257
Издавачи: Бегемот
Јазик: македонски
600мкд
Бесплатна
испорака

100% Сигурно
плаќање

24/7 Корисничка
поддршка

Над 5000 одбрани
наслови
Имате ли Reader’s Card?

Колку повеќе купувате, толку повеќе поени собирате

Моето пишување за Скопје нема и не може да има крај. А знаете ли зошто? Затоа што неговата историја е богата, неисцрпна, бескрајна. Ако таа историја беше мала, јас одамна ќе завршев со пишување. Не можам патувањето да го завршам ни сега, а веројатно ќе има луѓе што ќе ме наследат. Данило Коцевски
 Хроничар на нашето Скопје […]
 Осамениот шетач Коцевски со овој ракопис оживува места и слики од речиси сите простори на урбаното живеење во Скопската котлина, низ различни историски периоди, во мирновременска и во воена состојба, приредувајќи му на читателот најразлични фотографски визури кон некогашните епизоди од патешествијата на местата низ кои денес чекориме, панорамски поглед над градот од минатите векови, макрофотографија врз рацете на занаетчијата, реконструкција на настанот од фотографија со карваните со камили, кои ги носат производите од Старата чаршија дури до Египет и Индија; првите организирани прошетки за запознавање со културното наследство на Скопје; премиерната претстава при отворањето на Младинскиот театар, спектакуларното надлетување на зградата кај „Југодрво“ од пилот чија љубовница живеела таму, но и поетски слики, кои ни го доловуваат некогашното гнездо на љубовта – скопскиот кеј, како во стиховите на денес заборавениот поет, Васил Икономов, од кои е извлечен насловот на изданието. […]
 Овековечени се разновременски патувачи што поминале низ него, но и денес живи градски енциклопедии, резервоари на информации и сеќавања, што ја прават книгата „Ако го сакаш Скопје – дојди, ќе те чекам на кејот“ од Данило Коцевски драгоцено надоврзување на неговиот неповторлив придонес кон хрониките на градот Скопје.
 Васко Марковски
 Поет, патеписец и туристички водич
Напишете мислење/рецензија

Вашиот коментар беше успешно испратен и ќе се прикаже по одобрување

Ви благодариме за споделеното мислење и за вашата доверба!