Се работи за, како што вели Фиона Сампсон „…соновиден, опсесивен свет во којшто сè има свое значење. Оваа техника не мистифицира ништо.
Напротив, сè е поврзано. Прокопиев ни го нуди образецот на писателската сензибилност. Значењето на нештата е во нивната резонанца.
И така, многу брзо, успева да нè заведе”. За книгата Наташа Аврамовска вели „оваа проза ја испишува историјата на запоседнувањето на сопствениот (љубовен) идентитет оттаму исповедниот тон на јас-раскажувањето кое како и секоја историја, допишува, домислува, станува мит: интертекстуално и автореференцијално мултиплициран, разигран и расплисиран во жонглирањето со фрагментите на семиотничкиот ред и на нивото на нарацијата и секако на рамништето на нејзината рецепција”.
Иван Џепароски, пак, за делото пишува „… Но, ако авторот (наратор) добива главоболка пишувајќи го романот, ние, како читатели, сме радосни, среќни и со бистра глава, така што не можеме да го испуштиме романот од рацете од првата до последната страница, го читаме во еден здив, како што во еден здив се играат и најубавите игри.
На крајот, иако среќни, но и малку зазбифтани, сфаќаме дека токму затоа играта во ова дело на Александар Прокопиев, како и секоја потрага по слободата, има рамномерно-зазбифтано дишење, но едновремено, има и еден слатко-горчлив вкус што се јавува при нејзиното консумирање.“
Напишете мислење/рецензија