Животот на најголемата филмска и театарска дива на поранешните југословенски простори, Мира Фурлан, е повеќе од живот, преполн возбуда, величествени успеси, падови, љубов и предавство. Во автобиографската книга завршена пред прераната смрт, Мира Фурлан моќно проповеда за својот живот и животот на своите најблиски – од судбината на родителите Бранка и Иван, баба ?Љуба, до сопругот Горан и синот Марко, кому воедно и му е посветена книгата.
Без задршка Мира Фурлан нè вовлекува во сопствениот свет, во својата интимна драма и размислувања.
„Сакај ме повеќе од сè на светот“ го оживува времето што е изгубено во војната, генерации и поединци што верувале во подобар и посреќен свет и за кои, ако биле наднационалисти како авторката, почетокот на војната значел дека веќе нема место за нив во новите држави.
Емотивна и моќна проза во која го следиме животот на младата интелектуалка, која израснува во дисфункционално семејство и решава да студира глума, каде што се заменуваат среќата и несреќата. Проза во која ги гледаме лицето и опачината на славата, која нè врежува со секој нов засек, со секоја нова реченица.
Без да испушти нешто и нештедејќи никого, а најмалку себе, Мира Фурлан напишала автобиографија што се чита како роман. Во неа се остварува „американскиот сон“, но на крајот најважна е љубовта, која ? помогнала да полесно плови низ кариерата.
„Сакај ме повеќе од сè на светот“ е книга полна чувства, а секогаш бескомпромисно и со многу солзи и смеа, евоцира еден цел свет, налик Атлантида, потопен, но не и заборавен.
Напишете мислење/рецензија