x

Помош при купување

За повеќе информации, помош и нарачки:

Центар - 02/312-2708
Капитол Мол - 02/246-3809
Лептокарија - 02/307-4756

Работно време:

Пон-Пет: 08:00h-16:00h

Прашајте нѐ:

contact@sakamknigi.mk

Небото

автор: Пиа Лејно

залиха
1. Жанр: Sci-Fi , Научна фантастика , Романса
Јазик: македонски
Година на издавање: 2022
Корица: Мека корица
Страници: 240
Издавачи: Артконект
290мкд
Бесплатна
испорака

100% Сигурно
плаќање

24/7 Корисничка
поддршка

Над 5000 одбрани
наслови
Имате ли Reader’s Card?

Колку повеќе купувате, толку повеќе поени собирате

„Небото“ е дистописки роман што се занимава со исклучително актуелни теми: климатските промени, растечката нееднаквост во рамките на социјалната држава, моќта на технолошките иновации, потребата на луѓето да живеат во паралелен виртуелен свет, силата на десничарските националистички движења. Приказната е сместена во поранешната престолнина на Финска, градот-држава Хелсинки, во 2058 година. По граѓанската војна, општеството е драстично променето, а власта ја има преземено националистичкото движење наречено Светлината. Сите граници се затворени, контактот со надворешниот свет не постои и веќе никој нема визија за посветла иднина. Наместо тоа, Светлината на своите граѓани им ја нуди можноста дел од своето слободно време да го поминат во виртуелно создадениот свет наречен Небото. Токму во тој виртуелен свет, младиот научник Аксели ја среќава Ина. Нивната љубов ќе предизвика промени што ги надминуваат границите на една обична љубовна приказна. 


„’Небото’ е исклучителен повеќеслоен роман. Во него се анализираат неколку феномени карактеристични за нашето време и се предвидува што може да произлезе од нив. Романот не се занимава само со политички теми, туку и со психологијата на човекот. Авторката ги користи главните ликови за да отвори теми поврзани со родот, со сликите што самите ги создаваме за себеси, со игрите на моќ меѓу луѓето и за тоа како можеш да почнеш со едни претпоставки, а да завршиш со целосно различни толкувања и заклучоци.“ „Хелсингин саномат“
Напишете мислење/рецензија

Вашиот коментар беше успешно испратен и ќе се прикаже по одобрување

Ви благодариме за споделеното мислење и за вашата доверба!