Како е можно со врвот на јазикот да се има синестетички пристап кон светот? Можно е, затоа што поетите знаат не само каде е врвот на јазикот туку каде е и неговиот корен. Тој е во душата. Со врвот на јазикот не се допира другиот, светот, туку сопствената душа, зашто јазикот почнува од душата. А таа гледа се, слуша се, допира се, мириса се, вкусува се, затоа што е мудра, а мудроста е, како што пее Катица Ќулавкова, и над јазикот. Мудроста е јазик на јазикот, неговата душа.
Напишете мислење/рецензија