Стануваме посилни прифаќајки ја својата ранливост и похрабри кога го признаваме својот страв. Врз основа на своите долгогодишни истражувања, д-р Браун го отфрла култниот мит дека ранливоста е слабост и тврди дека таа е доказ за храброст. Вистината и храброста не се секогаш пријатни, но никогап не се слабост. Во светот во кој владеат чувството на недоволност и потребата од контрола, стравот станува вообичаен, а ранливоста - непријатна, па дури и опасна.Колку си повидлив толку е поголема можноста да бидеш критикуван или повреден. Но ништо не е понепријатно од тоа исплашено да ги набљудуваме своите животни однадвот и да се прашуваме што би се случило кога би се дрзнале на голема храброст и би влегле во арената. Дали се работи за нова врска, важен состанок, креативен процес или тежок семеен разговор „Големата храброст“ е практична и мудра книга што ни дава смелост да си дозволиме да бидеме видени и слушнати. „Ова е значајна книга - навремено предупредување за опасноста што ни се заканува од потребата за сигурност и контрола врз се. Скапоцен водич за вистинската награда на ранливоста: поголема храброст.“ Даниел Х.Пинк
Напишете мислење/рецензија