Пон-Пет: 08:00h-16:00h
contact@sakamknigi.mk
Романот по кој се снимени сериите "Девојката од прозорецот" и "Мојот дом".
Ги познаваме по очите луѓето што повторно ќе ни предизвикаат болка доживеана во детството, и покрај тоа, се вљубуваме во нив. Животот не насочува кон нив. Нашата судбина е запишана во родниот дом, куќата во која ги доживуваме првите трауми, со кои пораснавме и кои го определуваат нашиот животен пат. Само што многу често, тргнувајќи по тој пат, не можеме да ја откриеме среќата.
Во оваа книга се раскажани две вистински животни приказни - ги обединува болката од траумите доживеани во детството, болка што не минува, не се заборава и остава трага за цел живот.
Искрената љубов помеѓу главната хероина Налан - девојката од прозорецот - која секогаш живеела во луксуз, ама судбината и предизвикала страдање, и Хајри - кој израснал во беда... Љубовта, која ги сврзала тие две души, кои живееле два различни животи, е истовремено страсна, и болна.
Во основното сиже се вметнати и драматичната приказна за Зејнеп и нејзиниот неуспешен обид да ја открие среќата во бракот со Мехди.
Ви благодариме за споделеното мислење и за вашата доверба!
Напишете мислење/рецензија