Да се прости и да се продолжи – двете најтешки задачи за луѓето кои страдаат. Но кога се преплетени со љубов и надеж, срцето станува плодна почва која не знае за заборав. Алекси сè уште се сеќава на последното лето поминато со мајка си во Франција. Оттогаш се минати многу години, но кога психијатарот му предлага да пишува за тоа време за да ги надмине траумата и уметничката блокада, тој почнува да копа по сеќавањата. Повторно го преплавуваат емоциите од времето поминати во француското село: лутина, тага, бес... Како да се преживее болката што ја носи смртта? Како да ѝ прости на мајка си што го отфрлила како мало дете? Како да се носи со болеста што го разјадува? Ова е приказна за едно лето на прифаќање и простување, за три месеци кои значат ослободување на едно кревко момче од сите тешки емоции, проткаена со неизбежната потреба да се помири со другите и со себеси. Зрачејќи со силни емоции, овој роман ги обединува животот и смртта повикувајќи се на љубовта и простувањето. Едно од големите откритија на современата европска книжевност. „Се обидов да бидам искрена и да се ослободам од моите чувства. Мојата најскапоцена награда ќе биде ако го сторите истото при читањето.“ Татјана Цибуљак
Напишете мислење/рецензија