blog-image

Имаме новитет во асортиманот на САКАМ КНИГИ, производ на кој изминатите неколку месеци вредно работевме заедно со Design & Tales и сега со гордост го споделуваме со вас! Ви го претставуваме планерот НАЈДОБРАТА ГОДИНА ОД МОЈОТ ЖИВОТ: вашиот верен придружник во патувањето низ времето и себеоткривањето со фокус на максимална продуктивност, но и лична исполнетост и мотивација. Во овој свет со незапирливо брзо темпо каде обврските ни го консумираат секој момент на будност, лесно е да се заборави што е навистина важно. Рутинските обврски и животни трки ретко оставаат време и простор за нештата кои ни значат и навистина нѐ усреќуваат. Но, затоа овој планер е тука годинава да ве води кон живот исполнет со ред, цели, хармонија, исполнетост и радост.

Една од најслушаните фрази во изминативе години несомнено е: „Немам време за ништо, а камоли за себе. Не правам ништо што ме усреќува!“ Во страниците на овој планер се крие моќта конечно да го промените тој наратив. Сега замислете живот во кој времето станува ваш пријател, а не непријател. Затоа што сега имате доверлив сојузник, личен асистент кој секојдневно ќе ви помага да одвоите драгоцени моменти за грижата за себе, за своите страсти и соништа, за сите нешта кои ве исполнуваат и усреќуваат. НАЈДОБРАТА ГОДИНА ВО МОЈОТ ЖИВОТ ќе ве научи да ја прифатите убавината на организацијата и планирањето, бидејќи ќе го отстрани хаосот и нередот од вашиот ум и ќе ви помогне да се фокусирате на она што е навистина важно.

Овој планер ќе биде ваш компас кој ќе ве води кон исполнетост и задоволство со елеганцијата на планирањето. Лупа која ќе наоѓа мали скапоцени камчиња во секој ваш ден и ќе ве потсетува редовно да уживате во секој скапоцен момент. Со употребата на овој планер ќе сфатите дека времето навистина не е ваш непријател кој треба да се победи, туку нежен потсетник да се живее секој ден во потполност.

Без разлика дали имате рој неостварени цели кои не сте успеале да ги остварите во изминатите години или едноставно чувствувате дека никогаш немате доволно време за патување, за читање, за грижа за своето лице и тело, за духовен живот, за вашето семејство и вашите деца... овој планер е осмислен да ви помогне да го создадете тоа време, бидејќи со добар план и организација, веќе сте оствариле половина од замисленото.

За 5-10 години од сега, ќе посакувате да сте започнале да менувате нешто денес. Затоа започнете го вашето патување веднаш, разбудете ги идеите кои со години спијат во вашиот ум и направете ја оваа година НАЈДОБРАТА ГОДИНА ВО ВАШИОТ ЖИВОТ!

Планерот содржи 350 страници:
✨ Календари
✨ Листа на неработни денови во 2024 година
✨ Предговор и упатство за користење
✨ Страница за лозинки
✨ Комплетен месечен преглед за секој ден од месецот + VISION BOARD
✨ Финансиски план и следење на финансиска состојба
✨ Дневен преглед
✨ Рефлексија за изминатите месеци и годината
✨ Страници за поставување цели и план за нивна реализација
✨ План за вашите патувања
✨ Листа на книги и рецензија
✨ Фитнес план
✨ Слободни страници

Планерот НАЈДОБРАТА ГОДИНА ВО МОЈОТ ЖИВОТ веќе може да го нарачате онлајн на www.sakamknigi.mk, а наскоро ќе биде достапен и во Сакам Книги книжарниците и на повеќе продажни места низ државата.