Услови за користење
Продажбата на производи преку веб-сајтот www.sakamknigi.mk се извршува во рамките на регистрираната дејност на компанијата Издавачко друштво САКАМ КНИГИ ДООЕЛ Скопје, а адресата за поднесување рекламации е: contact@sakamknigi.mk.
Oсновните карактеристики на производите можат да се најдат на веб-сајтот www.sakamknigi.mk и сите цени се изразени со вклучен ДДВ.
На веб сајтот www.sakamknigi.mk има три начини на плаќање: со картичка, со уплатница или во готовина при достава. Во однос на испораката, засега нудиме два вида на испорака:
Стандардна испорака
Бесплатна испорака
Стандардна испорака
За пратки во границите на Република Македонија ги користиме услугите на приватната пошта – Тотал Пост. Стандардната испорака чини 120 денари и се пресметува директно во вкупната вредност на нарачката.
Времето потребно за испорака на вашата пратка е 3 до 5 работни дена од моментот на комплетирање на нарачката. За купувачите кои плаќаат со уплатница, времето потребно за испорака е најдоцна до 5 работни дена од моментот кога ќе примиме потврда за извршена уплата.
До отстапки или пролонгирање на испораката може да дојде доколку примачот не е на адресата која е внесена во нарачката, лоши временски услови, и сите останати непредвидливи ситуации кои можат да влијаат на транспортот на пратката.
Достава на пратките се врши работни денови од 8:00 до 17:00 часот.
Бесплатна испорака на редовни цени
За сите нарачки со редовни цени над 1200 денари во границите на државата, поштарината е бесплатна. Кога има големи попусти и акции на сајтот, овој праг може да се крене и секогаш јавно се објавува за секоја посебна акција.
Издавачот го задржува правото привремено целосно да ја укине бесплатната испорака за време на акциите со гратис производи; пример, кога со нарачката следи бесплатна книга или друг производ чија вредност надминува 200 денари.