Политика на колачиња
Кога пристапувате на нашиот сајт или ги користите нашите услуги, Издавачката куќа Сакам Книги и трети лица, авторизирани од наша страна собираат колачиња кои содржат податоци за вас. Оваа страна ја објаснува политиката за користење на колачиња и слични технологии на нашата веб страна и други онлајн и мобилни апликации.
Ги користиме овие технологии за да ја администрираме нашата страна, да анализираме трендови, да ги следиме активностите на корисниците и со тоа да овозможиме персонализирани промотивни пораки и реклами. Оваа страна објаснува што се технологиите и вашите права за промени и контролирање на употребата на колачињата. Кога првпат ќе пристапите на која било страна на sakamknigi.mk може да добиете порака која што ве известува дека користиме „колачиња“. Со кликнување на „се согласувам“, затворање на поп-ап прозорецот или со продолжување со користење на веб сајтот вие изјавувате дека сте ја разбрале и сте се согласиле со употребата на овие технологии, како што се објаснети во оваа Политика за колачиња. Не е задолжително да ги прифатите колачињата и согласувањето со користењето на истите може да биде отповикано во кое било време. Може да ги промените подесувањата на вашиот пребарувач за да ограничите или забраните колачиња и можете да ги избришете од кој било уред во секое време. Ако не се согласувате или ги избришете колачињата некои делови од нашиот сајт кои ги пристапувате може да не функционираат како што треба или да им треба многу повеќе време да се отворат.
Што се колачиња?
Колачињата се мали текстуални датотеки, делови од код, кои можат да се употребуваат од страна на веб-страници со цел да се подобри корисничкото искуство. Колачињата се зачувуваат на вашиот компјутер или мобилен уред кога го посетувате веб сајтот. Кога следен пат ќе го посетите пак истиот сајт, колачињата ни дозволуваат да го препознаеме вашиот пребарувач. Колачињата може да ги зачувуваат вашите преференции и други информации, но не можат да читаат ваши податоци или информации од вашиот хард диск или пак да читаат други зачувани фајлови за колачиња од други сајтови.
Колачињата се користат за подобро разбирање на користењето на апликациите и веб-сајтот од страна на посетителите како и за оптимизирање на искуството при користење. Колачињата дозволуваат препознавање на корисничките уреди на користење во споредба со претходни најави и посети со цел да се персонализираат рекламите за поголема релевантност кон корисниците.
Видови колачиња
Неопходни колачиња (necessary cookies). Неопходните колачиња помагаат една веб-страница да биде употреблива со овозможување на основните функции, како навигацијата низ страницата, употребата на кошничка за купување (shopping cart), наплата и сл. Без овие колачиња, веб-страницата не може да функционира исправно.
Претпочитани колачиња (Preference cookies). Претпочитаните колачиња ѝ овозможуваат на веб-страницата да ги запомни информациите кои го менуваат начинот на кој таа се однесува или изгледа, како на пример Вашиот претпочитан јазик или регионот во кој се наоѓате.
Статистички колачиња (Statistical cookies). Статистичките колачиња ни помагаат да разбереме на кој начин посетителите комуницираат со веб страната преку анонимно собирање на информации.
Маркетиншки колачиња (Marketing cookies). Маркетиншките колачиња се употребуваат за следење на посетителите низ веб-страниците. Целта е да се прикажат реклами кои се релевантни и привлечни за поединечниот корисник.
Колачиња за перформанси и функционалност. Овој тип на колачиња се однесува на следењето за тоа доколку повторно се вратите на нашиот сајт. Овие колачиња содржат неопходни информации, на пример од кој град пристапувате. Важно е да се напомене дека овие колачиња не се неопходни и не влијаат врз вашето искуство при посетата на нашиот сајт.
Social Media колачиња. Овие колачиња дозволуваат да ги интегрираме функциите од социјалните медиуми на нашиот сајт, а исто така може да се користат во маркетиншки цели.
Колачињата кои што се поставени од нас се во наша надлежност, но колачиња поставени од трети лица, во овој случај социјалните мрежи, не се во наша надлежност и САКАМ КНИГИ нема никаква одговорност спрема користењето на податоците прибрани од третите лица. Ве советуваме за подобра информираност да ги пребарате и прочитате политиките за колачиња и приватност на овие трети лица.
Контролирање на колачињата
При првото пристапување на нашата веб страница, добивате известување дека користиме „колачиња“. Со кликање „се согласувам“ и затворање на прозорецот, вие изјавувате дека сте ја разбрале употребата на овие технологии и се согласувате со истата, како што е објаснето во оваа Политика за колачиња.
Но не е задолжително да ги прифатите колачињата и доколку веќе сте се согласиле, можете да направите промена на подесувањата во кој било момент. Преку подесувањата на вашиот веб-пребарувач може да одберете кои колачиња сакате да ги задржите, а кои не.
Политиката за колачиња е дел од нашата Политика за приватност која што објаснува што правиме со собраните информации од нашите корисници. За повеќе информации прочитајте ја Политиката за приватност.