Клара е она што во чудесниот и футуристички свет на Ишигуро се нарекува ВП, вештачки пријател – човеколик робот кој родителите им го купуваат на децата за да им овозможат друштво и поддршка.
Хранејќи се со сончевите зраци во излогот на продавницата, набљудувајќи ги луѓето и с? повеќе разбирајќи ги нивните чувства, Клара надежно чека некој да ја вдоми. Во мигот кога четиринаесетгодишната Џози решава токму Клара да биде нејзина пријателка, односот меѓу роботот и човекот добива друга димензија, а книгата станува преиспитување на емоциите.
„Клара и сонцето“ е возбудлива книга со специфичен наратор, која ни овозможува од поинаков агол да проникнеме во едно од суштинските прашања на постоењето: што значи да се сака? Од авторот на „Никогаш не оставај ме“ и „На крајот од денот“ – прва книга на Казуо Ишигуро по добивањето на Нобеловата награда за литература, фасцинантно дело за чудесната и мистериозна природа на човековото срце.
„Нежна, но вознемирувачка приказна натопена со тага и надеж.“
- Вашингтон пост
„Богатиот внатрешен свет на протагонистите на Ишигуро е носител на една голема порака, исто како и тивките и остроумни преиспитувања за човечката природа приземјени со возвишената сила на Клара... Оваа книга е слоевита синтеза од жанрови што навистина маѓепсува.“
- Паблишерс викли
Напишете мислење/рецензија
Вашиот коментар беше успешно испратен и ќе се
прикаже по одобрување
Ви благодариме за
споделеното мислење и за
вашата доверба!
Напишете мислење/рецензија