x

Помош при купување

За повеќе информации, помош и нарачки:

Центар - 02/312-2708
Капитол Мол - 02/246-3809
Лептокарија - 02/307-4756

Работно време:

Пон-Пет: 08:00h-16:00h

Прашајте нѐ:

contact@sakamknigi.mk

Тишина

автор: Jелена Никодиноска Чаповска

залиха
1. Жанр: Драма , Белетристика
Издавачи: Три
Јазик: македонски
Година на издавање: 2023
Корица: Мека корица
Страници: 152
250мкд
Бесплатна
испорака

100% Сигурно
плаќање

24/7 Корисничка
поддршка

Над 5000 одбрани
наслови
Имате ли Reader’s Card?

Колку повеќе купувате, толку повеќе поени собирате

Колку зборови се сместени во молкот, а колку чувства содржи тишината?
 Животот со својата непредвидливост во еден ден им ги менува животите на Севда и Бојан. Спокојството на нивниот заеднички живот прекуноќ станува тегоба, ѕидовите на топлиот дом стануваат сè постудени, а љубовта тоне во неподнослива тишина обремената со траума и тага која постепено води до отуѓување. 
 Наскоро секојдневјето им се претвора во празно изминување на деновите. Како да се продолжи понатаму кога сè изгледа безнадежно? 
Тој излезот го наоѓа во работата. 
Таа заминува за Париз – патување кое претставува едно интимно преиспитување на сопствените одлуки и обид да ги најде одговорите на прашањата што деноноќно ја демнат.
 Приказна за препреките што ни ги поставува животот тестирајќи ја издржливоста на срцето, за мајчинството и татковството, за комплексните меѓучовечки односи. Роман кој трага по одговор на прашањето за љубовта – може ли таа да биде феникс и да се издигне уште посилна од пепелосаните соништа за заедничка среќа?
Напишете мислење/рецензија

Вашиот коментар беше успешно испратен и ќе се прикаже по одобрување

Ви благодариме за споделеното мислење и за вашата доверба!