x

Помош при купување

За повеќе информации, помош и нарачки:

Центар - 02/312-2708
Капитол Мол - 02/246-3809
Лептокарија - 02/307-4756

Работно време:

Пон-Пет: 08:00h-16:00h

Прашајте нѐ:

contact@sakamknigi.mk

Се поради една љубов

автор: Трејси Ен Ворен

залиха
1. Жанр: Белетристика , Романса , Историски романси , Еротика
Година на издавање: 2022
Корица: Мека корица
Страници: 384
Издавачи: Бата Прес
Јазик: македонски
430мкд
Бесплатна
испорака

100% Сигурно
плаќање

24/7 Корисничка
поддршка

Над 5000 одбрани
наслови
Имате ли Reader’s Card?

Колку повеќе купувате, толку повеќе поени собирате

На сите им е познато дека браќата Бајрон се „луди, лоши и опасни“. Сега и нивната сестра, леди Малори Бајрон, ќе стане предмет на озборувања во високите кругови. Соочена со трагичната загуба, утеха пронаоѓа во семејниот пријател, грофот Грешам, кој што е познат и многу омилен кај лондонските дами. Утехата набрзо ќе се претвори во страст, скандал и на крајот во венчавка. Во брачниот кревет Малори ќе пронајде уживање за какво што не сонувала ни во најлудите соништа. Но, можат ли ноќите преполни со пријателство, страст и секс да се претворат во вистинска љубов?
 Шармантниот заводник Адам, веќе со години тајно ја сака Малори. Еднаш веќе ја загуби поради друг маж, ама сега добива втора шанса да ја добие нејзината љубов – и планира тоа да го постигне по секоја цена. Дали срцето на Малори ќе му го подари она што толку го посакува? Современата авторка на историски љубовни романи, бестселери, Трејси Ен Ворен, на нашите читатели им е добро позната по популарните историските љубовни романси – „Сè поради еден бакнеж“, „Сè поради еден допир“ и „Сè поради еден војвода“. 
 „Исклучителната нарација на Трејси Ен Ворен и забавниот пресврт во животот на еден член на фамилијата Бајронови ќе обезбеди оваа единствена и освежувачка сторија да стане хит меѓу љубителите на историски романси.“ 
Bookbinge blog
 „Страсна романса за чиј што среќен завршеток ќе навивате со целото срце.“
 Goodreads
 „Вештината на авторката да создаде многу секси, трогателни романси ќе ги привлече читателите – и ќе им обезбеди уживање да читаат цела ноќ.“ 
 Romantic Times BOOK reviews
Напишете мислење/рецензија

Вашиот коментар беше успешно испратен и ќе се прикаже по одобрување

Ви благодариме за споделеното мислење и за вашата доверба!