Многу ретко се појавува книга што може вистински да ви го промени животот. А Повторно откривање на животот е една од нив.
Ентони де Мело е еден од најголемите духовни автори на XX век чие учење го обиколи светот. Повторно откривање на животот е неговото последно дело, напишано според предавањето што го одржал само неколку месеци пред смртта.
Во него тој ни укажува како да ја спознаеме подлабоката смисла на животот и да најдеме едноставни решенија што ќе нè ослободат од негативните чувства – осаменост, гнев, тага или депресија.
Со други зборови, Де Мело ни нуди нов светоглед што ќе ни го преобрази животот. Повторно откривање на животот е еднакво безвременска и сочувствена книга како и класиката Будење.
Книга што ќе ве направи свесни за убавините на човечкото постоење и ќе ве научи да ги гледате насекаде околу себе.
Напишете мислење/рецензија