Аутизмот е крадец кој ненадејно ви влегува во животот и во еден миг ви одзема сè. Мирот и спокојот веќе стануваат мисловни именки, чиешто значење се губи. Не толку ретко се губи и семејството. Ретки се оние бракови каде што и двата партнера на ист начин се справуваат со „олку подмолен непријател“. Како и сè во природата што е во пар, имаме силна алка и слаба алка. И не, не мислам тука на физичката сила, туку на онаа уште посилна сила – на психоемоционалната сила.“ Книгата „Јас и аутизмот“ е интимна приказна раскажана од прва рака. Предизвиците низ кои минуваат засегнатите семејства се колку тешки, толку и непознати за околината – што ги прави уште потешки. Ова четиво е одличен начин таа мака да се намали барем малку и животот да се види во ново светло, во кое не е се така црно и безнадежно.
Напишете мислење/рецензија