x

Помош при купување

За повеќе информации, помош и нарачки:

Центар - 02/312-2708
Капитол Мол - 02/246-3809
Лептокарија - 02/307-4756

Работно време:

Пон-Пет: 08:00h-16:00h

Прашајте нѐ:

contact@sakamknigi.mk

Љубовта не гори во пожар

автор: Кетрин Сентер

залиха
1. Жанр: Романса , Чик лит , Останата фикција
Година на издавање: 2023
Корица: Мека корица
Страници: 321
Издавачи: Бата Прес
Јазик: македонски
430мкд
Бесплатна
испорака

100% Сигурно
плаќање

24/7 Корисничка
поддршка

Над 5000 одбрани
наслови
Имате ли Reader’s Card?

Колку повеќе купувате, толку повеќе поени собирате

Кеси Ханвел работи како пожарникарка во Тексас и ја обожава својата работа, тимот и станицата. Таа не е за „украс“. Влетува во пожари, спасува луѓе со реанимација, извлекува деца од автобус што паднал во клисура. За тоа, се разбира, ќе биде одликувана. Спроти доделувањето на одликувањето ја стигнуваат две сенки од минатото. Две зла. Кеси мора да го остави својот живот на страна и да се соочи со сопствената вонредна состојба. Се одлучува за „помалото зло“ и се согласува да оди во Бостон, кај мајката што ја напуштила кога ? била најпотребна.
 Старата пожарникарска станица во гратчето Лилијан, многу се разликува од пожарникарската станица во Тексас. Не само што нема доволно средства и опрема, туку и жена пожарникар е непосакуван, модерен додаток. Особено ако е жена херој, стручна и способна како Кеси. Нејзиното присуство го прифаќа единствено симпатичниот млад пожарникар почетник. Ама таа не смее да мисли на него. Најважно правило за пожарникарките е „никогаш не забавувај се со друг пожарникар“. Кеси се колеба. Дали да ја ризикува единствената работа што ја сака и до која дошла со тешка мака?! Се чини дека нејзиниот живот го зафати силен пламен и таа мора да одлучи што ќе спасува: семејството, кариерата, љубовта…
 „Кетрин Сентер ги истражува границите на надежта и љубовта. Сторијата за една семејна трагедија се претвора во длабоко искрен водич за исполнет живот.“
 – Паблишерс викли
 „Сеопфатно и духовито истражување на љубовта и простувањето, од самиoт почеток разбирливо и забавно, трогателно искрено и иронично.“
 – Киркус ривјус
 „Емотивна приказна за самооткривањето и простувањето.“
 – Фреш фикшн
Напишете мислење/рецензија

Вашиот коментар беше успешно испратен и ќе се прикаже по одобрување

Ви благодариме за споделеното мислење и за вашата доверба!