x

Помош при купување

За повеќе информации, помош и нарачки:

Центар - 02/312-2708
Капитол Мол - 02/246-3809
Лептокарија - 02/307-4756

Работно време:

Пон-Пет: 08:00h-16:00h

Прашајте нѐ:

contact@sakamknigi.mk

Тоа можев да бидам јас

автор: Марина Вујчиќ

залиха
1. Жанр: Белетристика , Останата фикција
Година на издавање: 2023
Страници: 224
Корица: Мека корица
Издавачи: Антолог
Јазик: македонски
400мкд
Бесплатна
испорака

100% Сигурно
плаќање

24/7 Корисничка
поддршка

Над 5000 одбрани
наслови
Имате ли Reader’s Card?

Колку повеќе купувате, толку повеќе поени собирате

Главната оска на дејствието го сочинуваат животните околности на психијатарката Лаура Херман и пациентките кои доаѓаат кај неа да ја раскажат својата приказна.
 Но, тука психотерапијата не е само психотерапија, ниту хероините се наоѓаат во улогите кои се подразбираат во психијатриската ординација.
 Двете основни приказни ги надополнуваат исповедите на тројцата пациенти на Лаура, кои авторката суптилно ги нијансира и, вешто преплетувајќи ги нивните животни патеки, креира мозаична приказна за различните верзии на преболувањето на тешките искуства.
 Приспособувањето на сопствениот живот согласно туѓите очекувања, незадоволството во врската, погрешните животни избори, соочувањето со загубата на партнерот, како и тегобноста на почнувањето од почеток се клучните точки на романот.
 Распонот на теми Вујчиќ го проширува и со проблематизација на психоанализата, во чија срж е вербализацијата на човековите искуства и наративизацијата на животот, а тоа заедно со мотивот на „роман во романот“ книгата ја претвора во суптилна романескна посвета на уметноста на зборот и книжевноста.
Напишете мислење/рецензија

Вашиот коментар беше успешно испратен и ќе се прикаже по одобрување

Ви благодариме за споделеното мислење и за вашата доверба!