Фасцинантна сага за човештвото кое го изгубило земскиот рај Силмарилион е еден од најраскошните светови во историјата на фантазијата, митолошки канон што Толкин го создавал целиот свој живот. Тоа е збирка од восхитувачки историски записи проткаени со приказни за создавањето, за љубовта и предавството, за пријателството и моќта. Силмарилион дава поширока слика на Средна Земја, во која се сместени дејствата на Хобитот и Господарот на прстените. На романите што му претходеле им дава длабочина, ги пополнува празнините и нуди историски контекст на Толкиновиот свет и легендариум. Оваа книга ја раскажува приказната за старите дни, за првата доба, кога во Средна Земја живеел Моргот, првиот господар на темнината, а елфите од висок род војувале против него за да ги вратат Силмарилите, скапоцености кои ја содржеле чистата светлина на Валинор. Потпирајќи се на своите длабоки познавања од Библијата и митологиите на многу народи, Толкин создал ремек-дело кое се смета за еден од најчитаните и најинтригантните романи во светската книжевност.
Напишете мислење/рецензија