Трајното здравје почнува со одговорност и љубов кон себе Кога се соочила со дијагноза карцином и прогноза уште 3 месеци живот, Маја Волк решила да ги земе работите во свои раце и да се потпре на природата и на суровата храна. Оваа книга е длабока лична приказна за тоа што и претходело на болеста, за соочувањето со лекарските прогнози и за сето она што го научила на патот до самооздравувањето. Поттикнувајќи не на здрав живот, таа ни дава безброј корисни совети и рецепти за чистењето на телото и умот за постигнување хармонија во животот. „Среќа што сето она што ми се случи го протолкував како задача што треба да ја решам... Имав сила да доведам под прашање се на што сум учена, па одново да го преиспитам, вклучувајќи ги и врските. Моето оздравување и стекнување трајно здравје почна токму со тоа големо чистење на животот од физичките и психичките токсини пластени половина век во моето тело и во мојата душа...“ Трајното здравје се гради и се усовршува цел живот, а почнува со одговорност и со љубов кон себе. Исчистете ги телото и умот од токсините, зачекорете по патот на Маја Волк - пат на здравје и спокој во животот.
Напишете мислење/рецензија