Ролан Барт е една од клучните интелектуални фигури во дваесеттиот век во Европа. Неговите дела оставаат длабок печат и врз структурализмот и врз постструктурализмот, така што нивното влијание сериозно се чувствува и во денешното промислување на литературата и на културата воопшто. „Задоволство од текстот“ (1973) припаѓа во подоцнежниот опус на Барт и претставува сублимат на неговите рефлексии за теоријата на текстот. Замислена како збирка фрагменти и размисли, книгата „Задоволство од текстот“ се обидува да направи необичен исчекор во теоријата на книжевноста и за еден исклучително комплексен поим каков што е текстот да зборува преку принципот на задоволството. Барт ги резимира, но исто така и ги преиспитува сопствените дотогашни сфаќања и се обидува да се фокусира на длабоко интимната, речиси љубовна врска што постои помеѓу текстот и секој негов читател.
Напишете мислење/рецензија