x

Помош при купување

За повеќе информации, помош и нарачки:

Центар - 02/312-2708
Капитол Мол - 02/246-3809
Лептокарија - 02/307-4756

Работно време:

Пон-Пет: 08:00h-16:00h

Прашајте нѐ:

contact@sakamknigi.mk

Кратки одговори на крупните прашања

автор: Стивен Хокин

залиха
1. Жанр: Едукативни , Нефикција
Издавачи: Топер
Јазик: македонски
Година на издавање: 2019
Корица: Мека корица
Страници: 214
250мкд
Бесплатна
испорака

100% Сигурно
плаќање

24/7 Корисничка
поддршка

Над 5000 одбрани
наслови
Имате ли Reader’s Card?

Колку повеќе купувате, толку повеќе поени собирате

Светски најпознатиот космолог и автор на бестселерот Кратка историја на времето, во ова брилијантно постхумно дело ни ги предава своите последни размисли за најкрупните прашања за универзумот. Како настанал универзумот? 
Дали човештвото ќе преживее на Земјата? Постои ли интелигентен живот вон нашиот Сончев систем? Можно ли е вештачката интелигенција некогаш да нè надмине? 
Во текот на својата исклучителна кариера, Стивен Хокинг го прошири нашето разбирање за универзумот и ни откри некои од неговите најголеми мистерии. Но, иако неговата теориска работа на црните дупки, имагинарното време и мноштвото истории го одведе неговиот ум до најдалечните предели на вселената, Хокинг исто така веруваше дека науката игра суштинска улога во решавањето на проблемите тука, на Земјата. А сега, кога се соочуваме со потенцијално катастрофални промени – вклучително и климатските промени, заканата од нуклеарна војна и развивањето суперинтелигенција – Стивен Хокинг го свртува своето внимание кон најнепосредните прашања за човештвото. Широкоопфатна, интелектуално стимулативна, посветено аргументирана и проткаена со неговиот карактеристичен хумор, КРАТКИ ОДГОВОРИ НА КРУПНИТЕ ПРАШАЊА, последната книга на еден од најголемите умови во историјата, е лично гледиште за предизвиците со коишто се соочуваме како човечки род и за тоа кон каде ние, како планета, одиме понатаму
Напишете мислење/рецензија

Вашиот коментар беше успешно испратен и ќе се прикаже по одобрување

Ви благодариме за споделеното мислење и за вашата доверба!