Тинејџерскиот период е еден од најбурните во животот – и за самите тинејџери и за нивните родители. Оваа книга е отворен разговор, без маски и филтри, без шминка и глума, за она што често се премолчува, зашто вистината е најдобриот патоказ за тоа разбранувано, но прекрасно време. „Оригами“ практично ќе ви покаже како да се соочите со конкретни предизвикувачки ситуации и да ги решите пред да прераснат во конфликти да се воздржите од советување, обвинување и споредување да ги читате молкот и бунтот на својот тинејџер да препознаете знаци на можен ризик и опасност да ги спречите најчестите здравствени нарушувања во тој период... Со својата психијатриска стручност, д-р Камелија Симеонова ви помага да ги најдете најдобрите решенија за болните случувања во животот на вашите деца и заедно да ги надминете градејќи ја нивната самодоверба и потврдувајќи ги како личности. Притоа, важно е да не се заборавите и себеси – наместо да се претворите во жртва, одвојте време за секојдневни ритуали што ви ја враќаат рамнотежата и ви го зацврстуваат идентитетот. Мали сидра што сигурно ќе го држат заедничкиот семеен брод и во најголемите бури среде чудесниот период на тинејџерството.
Напишете мислење/рецензија