x

Помош при купување

За повеќе информации, помош и нарачки:

Центар - 02/312-2708
Капитол Мол - 02/246-3809
Лептокарија - 02/307-4756

Работно време:

Пон-Пет: 08:00h-16:00h

Прашајте нѐ:

contact@sakamknigi.mk

Кралот Едип

автор: Софокле

залиха
1. Жанр: Класици , Историски
Издавачи: Три
Јазик: македонски
Година на издавање: 2022
Корица: Мека корица
Страници: 128
200мкд
Бесплатна
испорака

100% Сигурно
плаќање

24/7 Корисничка
поддршка

Над 5000 одбрани
наслови
Имате ли Reader’s Card?

Колку повеќе купувате, толку повеќе поени собирате

Овој македонски препев на „Кралот Едип“, покрај својата филолошка опстојност, лексичката и граматичка прецизност и доследност во однос на старогрчкиот изворник, на многу природен начин, целосно, задлабочено и во сиот раскош и сјај ја открива пред македонскиот читател ризницата со трагичка виртуозност на вонвременската трагедија на еден од најголемите трагедиографи на сите времиња.
 Лај, синот на Лабдак, се оженил со Јокаста и владеел со Теба. Кога пророчицата Питија му предвидела дека неговиот син ќе го убие, Лај го оставил бебето на планината Китајрон, но го нашол некој пастир и им го однел на бездетниот пар Меропа и Полиб, владетелот на Коринт.
 Од времето кога Едип го убил татка си Лај и се оженил со мајка си Јокаста има поминато петнаесетина години. 
Сакајќи да ја открие причината за чумата што го уништува градот, кралот Едип праќа луѓе да побараат пророштво од Аполон.
 Оттука драмата се претвора во потрага по убиецот на Лај, а набргу се пренасочува во потрага за потеклото на Едип.
 Ова хибристично патување од блажено незнаење до свирепо и грдо сознание за својот идентитет неумоливо води кон бездната што го проголтува трагичкиот јунак и сите блиски соделници на неговата гревовна трпеза.
Напишете мислење/рецензија

Вашиот коментар беше успешно испратен и ќе се прикаже по одобрување

Ви благодариме за споделеното мислење и за вашата доверба!